Земјотрес по земјотрес во Егејското Море

0
274

Девет слаби потреси се регистрирани само за час ноќеска во Егејското Море.

Ова го пренесе азербејџанската новинска агенција АПА, повикувајќи се на турски медиуми.

Првиот земјотрес беше регистриран во 21:20 часот по локално време и бил со интензитет од 3,8 степени според Рихтеровата скала.

Потоа биле регистрирани уште 8 потреси со интензитет меѓу 2,5 и 3,6 степени според Рихтеровата скала.

Тие биле почувствувани во турската област Бодрум и на грчкиот остров Кос. Нема жртви и разурнувања.

Без коментари

LEAVE A REPLY