Земјотрес повторно го стресе Скопје

0
391

И ноќва продолжуваат земјотресите во Скопје,  кои  иако  нефатални, го вознемирија  населението и предизвикаа повреди кај десетици граѓани. Во 01:32 минути по полноќ во среда скопјани го почуствуваа  веќе  13 земјотрес  во два дена, кој според Европската сеизмолошка опсерваторија бил со јачина од 3 степени по  Рихтеровата скала.

Според истиот извор, епицентарот бил на 6 километри североисточно од Скопје и на три километри од селото Црешево, речиси на истотот место каде досега беа регистрирани и другите потреси во изминатите денови од неделата, и на длабочина од 5 километри.

Најсилен земјотрес  досега беше  оној во неделата во 15:10 попладне  со  јачина од 5.3 рихтерови степени

Без коментари

LEAVE A REPLY