Земјотрес со јачина од 5,7 степени го потресе Тајван

0
705

Земјотрес со интензитет од 5,7 степени  денеска го потресе Тајван. Сеизмолозите утврдија дека епицентарот бил на 23,8 километри југоисточно од брегот на островот и на  20,4 километри под морското дно, пренесува ТАСС.

Потресот најмногу бил почувствуван на територијата на селото Дунхе во округот Тајдун.

Засега нема податоци за настрадани или евентуална материјална штета.