Земјотрес со јачина од 6,6 степени го стресе Авганистан

0
264

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди Авганистан.

Се смета  дека епицентарот бил на длабочина од 210 километри и на 39 километри од градот Ишкашим. Потресите се почувствувани и во Индија, Пакистан и Таџикистан.

Сведоците раскажуваат дека земјотресот бил почувствувал во главните градови на Авганистан и Пакистан, а неколку згради биле евакуирани и во Њу Делхи.

Засега нема информации за повредени или за причинета материјална штета.