Земјотрес во Индонезија

0
331

Најмалку 92 луѓе загинаа, а стотици се повредени во силниот земјотрес што го погоди индонзискиот остров Суматра, соопштија официјални претставници.

Земјотресот со јачина од 6,5 степени ја погоди провинцијата Ачех утринава, додека верниците се подготвувале за утринска молитва.

Во градчето Меуреуд џамиите и продавниците се буквално срамнети со земја.

Не е објавена опасност од цунами, пренесуваат агенциите, истакнувајќи дека имало уште најмалку пет последователни потреси.

Во тек е акција за спасување на оние за кои се верува дека се затрупани под урнатините.

АФП наведува дека меѓу загинатите има 7 деца.