Земјотрес во Непал-силен потрес под Еверест го растресе Рамечхап!

Земјотрес во Непал-силен потрес под Еверест го растресе Рамечхап!

0
243

Земјотресот бил со јачина од 5,6 степени по Рихтер.

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени по Рихтер е регистриран во понеделникот наутро во Источен Непал, пренесе РИА Новости, повикувајќи се на Сеизмолошката служба на земјата. Потресот се случил во 05.20 часот по локално време.

Епицентарот бил на границата на областите Солукхумбу и Рамечхап, на околу 120 километри од главниот град Катманду, во близина на врвот.
Геофизички институт во САД утврди интензитет на потресот на 5,4.На сајтот на Непалскиот сеизмолошки центар забележуваат дека ова е 475-от секундарен потрес по катастрофалниот земјотрес во април минатата година, кога по две земјотрес со интензитет од 7,9 и 7,3 загинаа приближно девет илјади лица.

Home Page