Земјотреси кај Монет Еверес и на Крит во Грција

0
301

Непал рано утринава го погоди земјотрес со јачина од 5,6 по Рихтеровата скала, со епицентар во близина на Монт Еверест, околу 150 километри североисточно од Катманду, соопшти Американскиот сеизмолошки центар.

Извештај за евентуални жртви и штети се уште нема.

Жителите на Катманду земјотресот ги разбуди, а многумина истрчале од домовите на улица, но немало прекин во снабдувањето со струја или телекомуникации, пренесува АП.

Непал се уште се опоравува од минатогодишниот земјотрес во кој настрадаа околу 9.000 луѓе, а оштетени беа милион куќи и згради.

Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа по полноќ јужно од островот Крит.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал во морето на 71 километар од островот Гавдос, на длабочина од 12 километри.

Засега нема информации за евентуални настрадани или за причинета материјална штета