Земјотресите ја кренаа Галичица за 5 сантиметри

0
2934

Според првичните сè уште неофицијални резултати од сателитските мерења со кои располагаат на Природно-математичкиот факултет во Скопје, последните земјотреси од Охридскиот регион издигнале некои делови на северна Галичица за 4 до 5 сантиметри. Алсат-М дознава и дека уште поинтересни се мерењата за хоризонталните поместувања на земјиштето што се случиле во поширокиот регион на епицентарот на земјотресите. Станува збор за поместувања од најмалку 30-тина сантиметри во правец на југоисток. Во некои делови, тие поместувања може да бидат и до метар и половина. Сепак, според професорот Ивица Милевски од ПМФ, станува збор за сателитски податоци кои допрва треба подетално да се утврдат.