Земјотресите ја „потресоа“ и Toyotа

0
425

Како пренесуваат медиумите од Јапонија, Toyota најави дека во текот на неделата дека би можело да дојде до застој во работата на составување на возила во погоните на компанијата, поради катастрофалните земјотреси во серија што ја зафатија земјата и проблеми со достава на деловите.

Како што се вели во соопштението од Toyota повеќе погони за производство не само на возила, туку и на делови имаат проблеми по неколкуте силни земјотреси кои ги погодија јужните краеви на земјата. Производството ќе биде сопрено најнапред во градот Кјушу, кој е најпогоден од земјотресите, а потоа во зависност од потребите и во другите фабрики во Јапонија.

http://avtoplus.mk