Земјотресот во Битола почувствуван со јачина од 4 степени според Европската Макросеизмичка Скала

0
896

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Охрид, Валандово, Штип, и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес на 14.10.2017 год. во 11 часот и 55 минути регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 140км јужно од Скопје, во соседна Грција. Земјотресот беше со Рихтерова магнитуда од 4.2.

Тој беше почувствуван од населението во југозападниот дел од Републиката и тоа, во Битола и околоната со интензитет IV степени според Европската Макросеизмичка Скала. Додека во Ресен и Охрид овој земјотрес беше почувствуван со нешто послаб интензитет, односно III степени според истата скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Без коментари