Земјотресот во Италија го тресеше Балканот

0
350

Земјотресот беше почувствуван и на северот и југот на Италија, како и во соседните држави Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.

Засега не е регистрирана ниту една жртва на силниот земјотрес што утрово во 7.40 часот го потресе централниот дел на Италија, но неколку луѓе се повредени, од кои еден сериозно, изјави шефот на италијанската Служба за цивилна заштита.

„Не е пријавен ниеден смртен случај, но одреден број луѓе се повредени“, изјави тој на прес-конференција, додавајќи дека само едно лице е во потешка состојба, пренесе Ројтерс.

Тој изјави дека Службата користи хеликоптери за да ги префрли повредените во болница и да ја процени штетата од земјотресот.

Тој рече дека во последните неколку дена 1.300 лица од погодените области се евакуирани на италијанскиот брег, по двата земјотреси што се случија во средата, и додаде дека евакуацијата ќе продолжи.