Земјотресот во Скопје

0
475

Европската макросеизмичка лабораторија која ги следи земјотресите во сите подрачја во светот на веб страницата објави нова информација, според која земјотресот што во 12.52 минути беше почувствуван во Скопје бил со јачина од 3.1 степен според европската макросеизмичка скала.

Според оваа информација епицентарот бил на 6 километри источно од Скопје, на 5 километри од Арачиново и на 5 километри од Јурумлери, на длабочина од 1 километар.

Според претходната информација интензитетот беше 2.7 степени според Рихтер, со епицентар во областа на Сопиште.