Згаснува Танјуг, на вработените само отпремнини

0
520

Новинската агенција Танјуг, официјално престана да постои на 31 октомври, кога е избришана од регистерот на Агенцијата за трудови регистри, јавува B92.

Вработените ќе добијат отпремини и октомвриските плати, пишуваат белградските медиуми во среда.

„Официјално не сме известени, но неофицијално добивме информација дека агенцијата Танјуг официјално престанала да постои и дека на вработните ќе им биде исплатена октомвриската плата, како и дека сите вработени ќе добијат отпремнини според закон. Висината на отпремнините се уште не е дефинирана, затоа што има различни решенија и сето тоа мора да се усклади“, вели за весникот Данас, претседателот на Синдикатот на Танјуг, Марко Драгишиќ. Тој додава дека 180 вработени ќе бидат упатени на бирото за вработување.

Прашан дали Танјуг се гаси за да се отвори нова агенција под Владата, со многу помлаку вработени, Драгишиќ вели дека нема таква информација, но дека има сознанија дека Владата на Србија на седница би требало да расправа за Танјуг.

„Заклучоците од тој состанок не мора обавезно да бидат соопштени, но сигурно ќе се најде на страниците на Службениот весник“, вели Драгишиќ.

Весникот Блиц на своето интернет издание пишува дека Владата донела уредба за гасење на Танјуг, врз основа на која вработените ќе ги добијат сите плати, а имотот на Танјуг ќе премине во Дирекцијата за имот.

Рокот за приватизација на 73 медиуми истече на 1 ноември, а нови сопственици добија само 36.

Останатите медиуми, за кои немало заинтересирани, треба во наредниот месец да им понудат бесплатни акции на вработените. Доколку тие ги одбијат акциите, како што налага законот, тој медиум се гаси.

Здружението на новинари на Србија соопшти дека се запрепастени од тоа што на вработените на танјуг не им е овозможено да го остварат своето право на пренос на капиталот без надомест.

Според толкувањето на Владата, кое здружението го добило неофицијално, со престанок на важењето на Законот за новинската агенција Танјуг, на 31 октомври 2015 година, формално-правно престанува да постои националната агенција, па и сите права на пренос на капиталот без надомест на кои вработените до тогаш имале право.
Агенцијата Танјуг е основана на 5 ноември 1943 година./крај/б92/бб

Без коментари

LEAVE A REPLY