Зголемен бројот на прегледи поради топлото време

0
711

Жешкото време и високите температури го зголемија бројот на повици во Итната медицинска помош во Битола. Само во неделата во рок од 24 часа имале 100 интервенции во амбуланта и околу 40 интервенции на терен.

-Бројот на повици кон итната медицинска помош поради топлото време е зголемен. Се работи за пациенти кои имаат проблем со кардиоваскуларниот систем, пациенти кој што се жалат на висок и на низок крвен притисок, колапси, градни болки, пациенти кои што имаат проблеми со респираторниот систем, отежнато дишење, замор, зголемен е бројот на пациенти со главобилки и психички растројства, изјави д-р Васе Николовска Итна медицинска помош-Битола

Според лекарите на вакви екстремно високи температури колабирањата се неизбежни доколку не се почитуваат препораките. Од брзата помош советуваат да не се излегува без потреба кога е најтопло. Ова се однесува и за младите кои спијат до доцна и гладни излегуваат на силното сонце.

-Препораките се однесуваат на сите граѓани, и тие треба да ги почитуваат, пред излегување да јадат, да пијат многу течности за да ја надополнат изгубената течност преку потењето и да носат светла облека и заштита од сонце, на вакво време да не се одржуваат спортски активности на отворено од 11 до 17 часот, а и ако немаат некој хитна работа граѓаните во овај период да одбегнуваат да излегуваат, додаде д-р Васе Николовска Итна медицинска помош-Битола

А граѓаните се разладуваат секој како што знае и умее

– Седам дома, под сенка, се разладуваме, вели граѓанин

Од итната медицинка помош апелираат до граѓаните на своја рака да не земаат лекови

Претежно сончево и повторно многу топло време најавуваат метеоролозите во наредните денови.А колку за утеха утре ќе имаме температури за два до три степени пониски од денес УВ-индексот е висок и изнесува 8.