Зголемен бројот на животни околу кои се грижат Мали Херои

0
201

Здружението за заштита на животните и животната средина-Мали херои од Битола, од почетокот на своето постоење па до денес, организирале бројни едукативни работилници за подигнување на свеста кај граѓаните околу проблемот со бездомните животни.

Нивна основна цел, е да ги тргнат бездомните животни од улица со што истите би се вдомиле и би имале хуман третман.

Секојдневно се соочуваат со нов број на животни исфрлени на улица, повредени, измачувани.

Со оглед на тоа што Мали херои е непрофитно здружение а голем е бројот на повредени животни околу кои секојдневно се грижат,имаат потреба од привремен простор за сместување на повредените животни.

Mali_Heroi_-_1.jpg

– Европските стандарди предвидуваат секој град да има стационар за бездомни животни, со no kill предзнак, па и еден град како Битола со космополитски дух треба да има вакво прифатилиште-истакнуваат од Мали херои.

За оние кои сакаат да вдомат бездомно животно преку Мали херои може да ги контактираат на нивните телефонски броеви или фејсбук профилот.

Mali_Heroi_-_3.jpg

Програмата која ја имаат здруженијата за заштита на животните од Македонија меѓу кои и Мали херои од нашиот град, се темели врз принципот -залови, стерилизирај, врати програма, која по европските искуства долгорочно го решава проблемот со бездомните животни.

Следната акција која ја организира ова битолско здружение, започнува од следната недела со наслов- нахрани бездомно животно на улица, која акција ја организираат втора година по ред.

За истата може да се вклучат и граѓаните на Битола.