Зголемен интересот кај младите за пчеларство

0
1706

Да се работи со пчели е благородна работа, категорични се пчеларите. Но освен задоволството, секој се надева на профит и на финансиски средства за во домашниот буџет. А младите во Битола најверојатно сметаат дека токму во оваа професија можат да ги спојат бизнисот и задоволството, затоа што нивниот број последниот период е зголемен, велат од Здружението на пчелари Нектар.PCELI

-Во последно време има многу заинтересирани млади, нови пчелари кои сакаат да почнат со овој бизнис. Ние им излегуваме во пресрет на секој заинтересиран, им ги пренесуваме личните искуства, а во секое време се отворени просториите на здружението и за потрошувачите, вели Менде Трајковски, производител на мед.MENDE

Причините заради кои сакаат да започнат да се занимаваат со пчеларство се различни.

-Можеби тоа е невработеноста, можеби гледаат перспектива тука. Само оваа година имаме 20 нови млади кои започнуваат со одгледување пчели, вели Трајковски.

Иако количините приноси на мед од пред една деценија драстично се разликуваат со сегашните, сепак пчеларите се надеваат на подобри времиња.MED

-Последните години многу сме погодени со климатските промени. Пред 10 години имавме од едно пчелно семејство 100 килограми мед, можеби тогаш така се погодија условите, но се надеваме дека повторно ќе дојдат такви времиња, вели Трајковски.

Последните години просекот изнесува 10 килограми од едно пчелно семејство, а каква ќе биде состојбата оваа година ќе знаат во август.