Зголемен интересот за Технички факултет

0
670

Оваа година Техничкиот факултет има со што да се пофали. Вчера заврши првиот уписен рок и евидентирани се 10 % поголем број на запишани студенти. Факт кој радува со оглед на околностите во кои реално е намален бројот на бруцоши не само во Битола туку и во целата држава

-Во овој уписен рок на Техничкиот факултет на студиските програми по: Машинство, Електротехника, Сообраќај и транспорт,Графичко инженерство и дизајн, Индустриски менаџмент, Мехатроника, Екологија и заштита на животна средина,се пријавија вкупно 110 кандидати.Ако споредиме со пријавените кандидати во овој рок од минатата година можи да се констатира дека е зголемен интересот за студирање на Техничкиот факултет 10%, изјави проф.д-р Стојанче Нусев , декан на Технички факултет-Битола

Радува фактот што младите луѓе ги препознаваат инженерските струки како професии со кои можат лесно да пронајдат работа и да бидат добро платени

– Тоа се должи на се поголемата потреба од инженерски кадар во нашата држава, понудените стипендии и уписнини од домашните и срански компании.Секако треба да напомениме дека на Технички факултет има доволно слободни места за упис на сите кандидати кои не се пријавија во првиот уписен рок , изјави проф.д-р Стојанче Нусев , декан на Технички факултет-Битола

За идните бруцоши кои што не успеале да се запишат во првиот уписен рок, тоа може да го сторат во наредните два уписни рока кои ќе бидат на 1 и 2 и 14 септември. Инаку според информациите од Битолскиот Универзитет во првиот уписен рок на високообразовните институции во градот се пријавиле 1090 студенти.