Зголемен наградниот фонд на УС Опен

0
397

УС Опен почитувајќи ја традицијата и оваа година го зголеми наградниот фонд. Целокупниот награден фонд за последниот Грен слем во сезоната е зголемен за четири милиони долари и ќе изнесува 46,3 милиони долари.

Победниците во машка и женска конкуренција ќе заработат по 3,5 милиони долари, што е за 200.000 долари повеќе од лани. Финалистите ќе добијат по 1,75 милиони долари, а поразените во првото коло ќе заработат по 43.300 долари.

Шампионите во дубл, во машка и женска конкуренција ќе добијат по 625.000 долари.

Последниот Грен слем турнир во сезоната на Флашинг Медоуз започнува на 29.август, лани титулите ги освија Новак Ѓоковиќ во машка и Флавија Пенета во женска конкуренција. Италијанка по триумфот во Њујорк ја заврши кариерата.