Зголемена фреквенција на возила на границите

0
266

На граничните премини има зголемена фреквенција, но нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, соопштуваат од АМСМ. 

За продолжениот викенд зголемен е и интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини.

 

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

 

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.