Зголемена загаденост во Битола, Тетово, Скопје и Кочани

0
632

Во скопските општини, во Битола, Тетово и Кочани утрово е загаден воздухот. Мерните станици покажуваат концентрации на ПМ10 честичките од 120 до 230 микрограми на кубен метар.

Во Центар се измерени највисоки концентрации од 230 микрограми, во Лисиче 215, Тетово, 200, Карпош 170, Ректорат и Миладиновци по 150, Кочани 120 и битола 100 микрограми.

Загадувањето, односно концентрациите се повисоки во попладневните часови и во текот на ноќта. Така во Тетово максимално се измерени 553 микрограми, во Карпош 400, Центар 350, Лисиче 320, Ректорат и Миладиновци по 250, Битола 200 и Кочани 144 микрограми на метар квадратен.