Зголемена заштитата на личните податоци

0
248

Според статистичките податоци објавени во годишниот извештај на дирекцијата за заштита на личните податоци, се забележува дека јавниот сектор повеќе подлежи на инспекциски надзор отколку приватниот, односно од вкупно 301 редовни инспекциски надзори 240 се случиле во јавниот сектор а 61 во приватниот.

– Нашиот извештај покажа дека поднесувањето жалба до комисијата има позитивен ефект врз заштитата на правото на слободен пристап бидејќи во случаите кога граѓаните се соочиле со т.н молк на администрацијата односно кога не добиле никаков одговор самото поднесување на жалбата ги потикнала имателите на информациите да ја дадат информацијата, изјави Магдалена Лембовска, истражувач за бебедносни прашања

А каде граѓаните најчесто грешат при оставање на личните податоци?

– Во однос на личните податоци истражувањето покажа дека граѓаните најчесто се обраќаат до Дирекцијата за заштита на личните податоци за повреда на правото на социјалните мрежи, потребна е дополнителна едукација, поголема свест на кој начин може да се направи повредата на нивната приватност, а исто така преку проекти ние сакаме да ја подигнеме свеста бидејќи во Македонија постои тело кој што може да им пружи подршка, изјави Магдалена Лембовска, истражувач за бебедносни прашања

Било кој граѓанин кој смета дека му е повредено правото на заштита на личните податоци може да се обрати кај Дирекцијата за заштита на личните податоци, имено граѓанинот треба да поднесе барање за утврдување на повредата на правото за заштита на личните податоци за што Дирекцијата ќе одлучи со решение или преку електронска форма пееку интернет страницата на дирекцијата.