Зголемување на цените на адвокатските услуги

0
518
За 30, 50, па дури и за 100% ќе се зголемат надоместоците на трошоци за работа на адвокатите, според новиот тарифник кој стапи на сила пред 20тина денови.  Како ова покачување го коментираат битолските адвокати

Дали покачување ќе значи и обесхрабрување на луѓето, правдата да ја бараат преку суд.

Aдвокатите сметаат дека досега биле обесправени кога станува збор за наградување од страна на клиентите, согласно тарифникот, кога ги застапувале во тешки кривични дела .Она што ние го забележавме во тарифникот го пренесуваме преку еден пример, ако работникот загуби работно-правен спор, тој ќе треба на адвокатите на работодавачот кого го тужел за кршење на работничко право да им плати околу 150 илјади денари, пресметано просечно долг судски процес од една година. Ова е навистина голема сума . Но адвокатите сметаат дека има можности кога тужителот нема средства да плаќа судски и адвокатски трошоци да побара  бесплатно застапување.

Еве неколку конкретни примери за зголемувањето на тарифникот

Од 100.000 до 300.000 денари (пет илјади евра), или за дело за кое е предвидено една година затвор, се почнува од 5.000 денари паушал, па натаму на бранителот што е ангажиран, му плаќа за секој изминат саат на рочиштата. Како напомена – сите овие трошоци, во ист износ, се плаќаат секој ден одново.За спорови вредни од 15.000 евра до 40.000 евра, или за дела казниви со затвор до 10 години, адвокатската награда за писмен поднесок стартува со 9.000 денари, плус тие 20 отсто што ќе следуваат натаму за секој саат поминат на рочиштата. Од 40.000 до 80.000 евра тежок спор или за казна затвор до 15 години, како и во полициска постапка, странките за одбрана или за застапување за секое рочиште според тарифата ќе плаќаат од 12.000 денари па нагоре, зависно од времетраењето на рочиштето на дневна основа. За спорови над оваа сума, казна затвор над 15 години или доживотен затвор, наградата секој ден за адвокатот  ќе стартува од 18.000 денари нагоре.Единствено тарифникот не е променет за поднесоци чија вредност е до 10.000ден

Останува да видиме како тарифникот ќе се спроведува и дали судските спорови ќе бидат привилегија, само за граѓани со подлабок џеб или пак граѓаните ќе се прилагодат на новите услови и ќе бараат почесто вонсудски решенија за нивните проблеми.
https://youtu.be/-9oRMGnGbso?t=3