Железничка несреќа кај Богомила, воз удрил во карпа

0
469

Утрово околу 6 часот на железничкиот правец Богомила – Велес, на потегот од село Согле до село Теово, се случила железничка несреќа кога воз удрил во карпа, најверојатно падната на пругата.

Повередени лица нема, причинета е поголема материјална штета. Стручните екипи се уште го вршат увидот. Железничкиот сообраќај од Велес до Богомила е во прекин.

Без коментари

LEAVE A REPLY