Железничка несреќа во Холандија

0
384

Патнички воз излета од шините во близина на холандскиот град Далфсен, а според првичните извештаи едно лице загинало во несреќата и десетици се повредени, пренесуваат светските медиуми.

Возот удрил во кран на премин, се навалил и завршил во поле со неколку вагони превртени.

Жителите велат дека кранот ја преминувал линијата, источнио од градот Зволе, кога возот удрил во него.

Локалниот градоначалник изјави дека едно лице починало, но се уште не се знае колку други се повредени.