Железничкиот сообраќај во прекин

0
411

Сеуште е во прекин патничкиот и товарниот железнички сообраќај во Македонија, откако денеска од Битола ниту тргнаа, ниту пристигнаа предвидените со возен ред, возови, по бојкотирањето на работните задачи, вчера попладне, од страна на машиновозачите, незадоволни од доцнењето на исплатата на платите. Од Железничката станица во Скопје потврдуват дека не сообраќа ниту еден воз, а според дел од синдикатите во МЖ Транспорт, пак, пуштени се само три воза за транспорт на мигранти. Од 12 часот денеска ниту еден патнички воз не е тргнат од железничката станица во Скопје. Возовите чија почетна станица е во другите градови возат додека не се вратат во главниот град, а потоа запираат.Машиновозачите најавуваат целосно запирање на возовите доколку не им биде исплатена јулската плата.Според Независниот синдикат на машинскиот персонал на Македонија, бојкотот е поради доцнењето на исплатата на платите, материјалните трошоци и здравственото осигурување за јули и за август, веќе го информирале и премиерот Никола Груевски, со оглед на тоа што компанијата е целосно во државна сопственост, бидејќи не биле задоволни од досегашните разговори со раководството на МЖ Транспорт и со ресорното министерство, додаваат дека сите машиновозачи вработени во МЖ Транспорт се вклучени во штрајкот. Машиновозачите од Независниот синдикат протестираа и пред пет месеци, незадоволни од процентите што ги добиваат за ноќна работа и за работа за време на викенди и прзаници.

Без коментари

LEAVE A REPLY