Жена и дете изгореа во пожар во грчки камп

0
228

66-годишна жена и дете на возраст од 6 години загинаа во пожар кој пламна синоќа во бегалскиот камп Морина на островот Лезбос во Грција.

Ruptly.tv соопшти дека жената и детето биле во шатор, но не успеале да избегаат навреме, бидејќи огнената стихија пламнала премногу брзо.

Наводно, по инцидентот избил судири меѓу мигрантите и полицијата.

Бунтот сепак е прекинат брзо.

Во меѓувреме, околу 6000  бегалци се блокирани на островот, а половина се сместени токму во овој центар.