Жена прегазена на пешачки во Прилеп, возачот избегал

0
1258

Жена на возраст од околу 50 години е тешко повредена на пешачки премин во центарот на Прилеп, јавува Дневник.

Пред да дојде итната помош, возач на такси и полиција се обидуваа да и дадат брза помош на жената која дава знаци на живот. Според сведоците, жената бил удрена од комби возило додека поминувала на пешачки премин и отфрлена во задното стакло на паркиран такси.

Возачот на комбето не застанал, туку избегал од местото на несреќата.