Жената која ги соопштува најважните вести во Северна Кореја

0
537

Кој друг би и ги соопштил вестите на севернокорејската јавност дека е тестирана хидрогенска бомба, ако не најпознатиот спикер на нацијата Ри Чун-Хи.

Во средата навечер облечена во севернокорејска национална носија која е и нераскинлив дел од нејзиниот имиџ, Чун-Хи ја подгреа атмосферата излегувајќи на телевизија и најавувајќи дека има големи вести за нацијата.

Неколку миниути по најавата свечено и со карактеристичната страст во манир гордо и убедливо информираше дека се случил настан „кој ќе направи светот да се огледа на нивната силна нуклеарна земја“. Северна Кореја ја тестираше, како што рече, својата прва хидрогена бомба.

Најпознатата севернокорејска ТВ спикерка е родена во 1943 година и учела и работела како глумица пред да ја започне ТВ кариерата во 1971 година на единствениот телевизиски државен канал во Северна Кореја.

Позната како „народната спикерка“ таа од тој ден натаму ги зграби ТВ екраните за наредните 40 години, користејќи го својот драматичен опсег да обезбеди емитување на различни тонови – од длабоко тажен до чист заканувачки.