Жената која шеташе со пресечена глава од дете во Москва, била дадилка

0
1099

 

Руската полиција ја идентификуваше жената која утрово шеташе во Москва со отсечена детска глава во рацете.

Според рускиот портал Life news, станува збор за триесет иосумгодишна жена, Ѓулчекрa Бобокулова од Узбекистан, а убиството го извршила поради предавство на нејзиниот маж, иако сé уште не постојат докази дека главата којашто ја носела жената била вистинска.

Според медиумите, жената била дадилка на девојче на возраст ос три или четири години.

Чекала да излезат родителите на девојчето заедно со постарото дете, а потоа го убила девојчето и го запалила станот.

Според порталот, таа не успеала да објасни на кој начин детето било поврзано со нејзиниот маж. Според полициските извори, жената во моментот на апсењето била под дејство на наркотици.

Жената утрово со отсечена глава од дете се шеташе на метро станицата Октомврсико поле на северозападот на Москва и викала „Јас сум терорист“.

Руската истражна комисија соопшти дека спасувачките екипи нашле тело на четиригодишно дете по гаснење на пожар во стан во Москва, а потоа била уапсена жената. Мајката на убиеното девојче е префрлена во болница во несвесна состојба откако ја слушнала веста на телевизија.

Бобокулова моментално се наоѓа на психијатриско вештачење. Луѓето кои се нашле во моментот на метро станицата сведочат дека на полицијата ѝ требало цел еден час да ја уапсат Бобокулова.

„На полицијата ѝ требаше еден час да одговори на терористичките закани, а на крајот се појавија само обични полицајци. Што е со Руската безбедносна служба? Сите кои се нашле во близина на жената веднаш почнаа да бегаат штом ја видоа“, раскажал очевидец.

„Бруталното убиство на девојчето во Москва е монструозно и необјасниво, а родителите треба да внимаваат кого избираат за дадилка“, изјавил рускиот комесар за детски права, Павел Астахов./крај/мф/ффс

Без коментари

LEAVE A REPLY