Жените албанки ја негуваат традицијата на везење

0
1502

Покрај тоа што живеат во модерно време и имаат современи навики, жените-Албанки кога се мажат и за новороденчето носат специјална традиционална облека.Традицијата на везење со срма и рачната изработка на традиционална женска невестинска облека отсекогаш ги правело препознатливи по заслуга на вештите раце на жените-Албанки, кои од колено на колено ја пренесувале трпеливоста и тајната на рачната изработка. Овие рачни изработки кои што ги регистрира нашата камера датираат од 50 тите и 60 тите години

sibela

-Најинтересно е што чаршавот со сина боја ја има својата оргиналност и свое значење. Тој бил чаршавот кога жената ќе го донесе новороденчето на свет, чаршавот со розевите мотиви е за девојката која ќе се мажи , а чарѓавот кој што има уникатна изработка на цвеќе, изработено со рачна игла тоа е невестата оди кај зетот и му поклонува дар“,Сибела Алимовска претседател на Здружение 22 Нентори

Традиција на сите албански семејства во Битола па и пошироко е сето тоа што е старо и автентично да се пренесува на новата генерација. Иако постои модернитет за младите овие рачни изработки имале големо значење,вели Алимовска и додава дека ретко која млада девојка албанка која ќе ги погледне овие везови не веоздивна на на тој стар период.

-Секоја жена треба да има мотиви за да почне да везе или плете. Жените биле лични креатори Мотивите секогаш им биле од природата . Жената албанка секогаш копнеела за природата , за птиците и сите тие мотиви биле изразени во нивните лични творби , не само во рачната изработка туку и во фустаните

И покрај тоа што живееме во модерно време и имаме современи навики, жените кога се мажат на свадбата носат специјална традиционална облека, вели Алимовска . Порано жените самите го ткаеле материјалот за кошулите, но денес рачно само се везе. Но колку сега жената албанка знае да ја земе иглата во раце и да почне да плете и везе?

-Постојат жени кои што уникатно се занимаваат со вакви рачни изработки во нашиот град. Постојат жени што везат вакви гоблени и се надевам дека повторно ќе се разбуди таа стара традиција во градот кога повторно ќе почне да се твори да се има лични творби со модерни мотиви кои што датираат од нашиот перид, изјави Сибела Алимовска претседател на Здружение 22 Нентори

Сето ова, сите фустани и рачни изработки кои што се наследени од генерација на генерација и кои имале големо значење за градот денеска сето тоа е поконето на Здружението 22 Нентори кои што често пати ги изложуваат на изложба, со цел младата жена албанка да не заборави на своите корени и на својата традиција.

Без коментари

LEAVE A REPLY