Жените и процентите,семејството и предрасудите

0
312

Според позитивната легислатива во Македонија, жените и мажите се еднакви, а според декларираната волја на државата, неоспорна е потребата од еднакво присуство на жената во јавниот живот.
Заради ова кога ќе се потегне прашањето за рамноправност на половите, како одговор се добива дека на жената и се отворени сите врати и никој не ја спречува во остварувањето на нејзината рамноправност.

–  Живееме во едно општество во кое многу се направи што се однесува до рудовата балансираност, до родовата рамноправност, меѓутоа за жал сеуште сме во општество за кое станува збор за проценти на помалку застапениот пол. Тоа е дополнителен товар за женската популација но и дополнителен товар се самите биолошки карактеристики на жената , вели Наташа Петровска советник

–   Во Македонија да се биде успешен  како жена во политиката не е воопшто тешко  бидејки тоа е законски решено бидејки законот предвидуваше 30 % застапеност од жената но сега има измени кај нас е 40 % , ако сака жената да се вложи себе си и да даде придонес во политиката на локално или на централни ниво законската регулатива тоа им го дозволува, вели Силвана Ангелевска председател на совет

”Во ова време на глобализација, жените без подршка од семејството  жените не би успеале” вели Наташа Петровска.

–  Јас сум многу среќна  што моите околности се такви што имам пријатна хармонична атмосфера исклучителна висока подршка од мојот сопруг, и од  целото моето пошироко семејство  колку и да ви помогаат сепак постојат сегменти  од животот кои што не можат да бидат заменети каде што е потребна мајката, сопругата и домаќинката , изјави Наташа Петровска
– Јас не би рекла дека постојат бариери бидејќи не се чувствувам никогаш како жена загрозена во машко семјество бидејки ние секогаш можеме да речиме дека жената е релативно рамноправна со мажите иако одредени податоци покажуваат дека треба да се работи на тоа поле, вели Силвана Ангелевска

Во моментот во Македонија учеството на жени во е 31%,6 отсто, според заводот за статистика, но со кои бариери се соочуваат пред и за време на функцијата .

– Постојат нишка на предрасуди, зошто тоа да го направила жена постои сомнеж и сето тоа прави дополнителни оптопварувања, вели Наташа Петровска

–  Ние сме патријархална средина каде што семејството ние на прво место меѓутоа ако добро се организирате тоагаш ке се обидете да стигнеме секаде, вели Силвана Ангелевска
Истражувањата на националниот совет за родова рамноправност покажува дека во политичките партии во земјава мажите и жените не се еднакво застапени. Македонија е на 20-то место во Европа во поглед на општиот политички ангажман на жената.