Жените кај Талески

Жените кај Талески

0 892

Денеска е 8-ми март, ден кога се одбележува борбата на жените за политичка, економска и социјална рамноправност. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД. Но дали по 108 години жената успеа да ја добие рамноправноста со мажите во општеството?

-Жената е рамноправна со мажите. Мислам дека тоа е личен избор и како таа ќе ги постави работите, дома, сама со себе, со семејството, и дали и на кој начин ќе ја добие поддршката за да може да гази и да прави она што сака да прави, изјави Јасмина Антиќ Атанасовски од Клубот за базнис жени на Пелагонискиот регион

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески денеска приреди прием за претставнички на женските граѓански организации, традиционално како и секоја година на 8-ми Март.

Покрај тоа што градоначалникот им подари цвеќе по повод празникот на жената, тие уште еднаш заеднички ги изнесоа своите ставови, размислувања и потреби, со што се согласија дека ваквите средби секогаш водат до заедничка соработка која вродува со плод.

Градоначалникот Талески, испрати честитка до сите жени, притоа нагласувајќи дека жената заслужува посебно внимание во текот на целата година, затоа што нејзината улога е од огромно значење за целокупното општествено живеење.

Коментарите се затворени.