Жените од етничките заедници на пазарот на трудот

0
269

Eден од најголемите проблеми во Македонија е ограничениот пристап на пазарот на трудот за жените од немнозинските етнички заедници. Жените од малцинските етнички групуи се соочуваат со повеќекратна сегрегација кога станува збор за вработувањето , со оглед на тоа дека тие повеќе биле насочени кон преземање на улогите на домаќинки, жени и мајки.Ова го дал резултатот од истражувањето на проектот „Вклучување на жените од етничките зедници на пазарот на трудот“.

Со цел ова да се реши и да се најдат потребните механизми за жените повеќе да се вклучат во пазарот на трудот денеска на заедничка маса седнаа претставници од Советот на општина Битола, претставници од комисијата за еднакви можности , претставници од Регионалната Стопанска комора , претставници од Центарот за вработување како и граѓански организации кои што работат на терен со оваа категорија на жени

Досегашните истражувања на проктот покажале дека над 60 % од жените кои што се работно способни не биле активни на пазарот на трудот, Од аспект на етничности тоа биле жените од немнозинските заедници, а најголемиот број од нив биле ромки

Во проектот биле опфатени 250 жени  на возраст од 20 до 40 години, од општините Скопје, Тетово, Битола, Куманово и Штип. Проектот„Вклучување на жените од етничките заедници на пазарот на трудот“ е финансиран од ЕУ.