Жените почесто страдаат од остеопороза отколку мажите

0
314

Остеопорозата е систематско заболување кое се појавува во подоцнежните години. Статистички поголем е процентот на застапеност кај женскиот пол а помал кај мажите. Вообичаено болеста се појавувала после менопаузата кај жените, минимум после 40-тата и 50-тата година. Но лекарите велат дека постојат варијации кога се појавува и порано. Дијагностицирањето се вршело со повеќе методи, а клиничката слика била со различна симптоматологија.

niko jankov

-Најпозната метода за дијагностицирање е т.н Декса метода во која има повеќе параметри на скорови. Во клиничката слика доминира различна симптоматологија . Луѓето вообичаено мислат дека ме болат рацете и нозете, но вообичаено е заболување на рбетниот столб и колковите, изјави при.д-р Нико Јанков, специјалист ортопед

Луѓето, вели Јанков сега мислеле дека секој има остеопороза, што не е вистина, и додадва дека прво треба да се докажи дека лицето страда од ова заболување и дека лекувањето не е само со таблета, туку една цела филозофија на живеење.

osteoporosis

-Во 90 тите години американците направија два до три алгоритми во кој се објаснува дека лечењето не е само со едно апче , туку лечењето е цела една филозофија на живеење. Треба многу вежби, фискултура, да се води сметка за здрав живот со здрава храна, додаде  при.д-р Нико Јанков

Од година во година бројот на заболени од остеопороза се зголемувал. Денес 20-ти октомври е Светски ден на борба против остеопорозата.

Без коментари

LEAVE A REPLY