Жените сеуште без еднаков третман во општеството

0
1148

Каде е местото на жената во општеството? Колкава е нејзината улога во политиката? Дали жената се наоѓа на маргините? Какви се партнерските релации па и релациите на работното место ?

-Се расправам кога ќе слушнам дека дискриминацијата не постои. Жените многупати се на маргините, и од економски аспект, во однос на тоа дали се зависни или независни во своите партнерски релацииили какви се нејзините реалации на работното место, а да не зборуваме како медиумите ја позиционираат жената. Статистиките покажуваат дека сериозбото лице на медиумите и печатот е доминантно машко, дека жените се најчесто претставени како убави за око и лесни за употреба, барем таква е најчесто медиумската репрезентација во шоу бизнисот , во рекламната индустрија . Во политички контекст да се запрашаме колку жени има на високи позиции ? Во образованието мажите и жените се некаде тука а каде се жените на раководните позиции е прашање кое што останува отворено или колку жени градоначалници има?, изјави Ана Јовковска , новинар

Денес Ана Јовковска одржа и предавње пред студентите на правниот факултет на тема Родов гејминг за еднакви права

– Ќе зборуваме за родавата еднаквост, за феминизмот, дали жената е дискриминирана во општеството, каде е жената во општеството од економски и политички контекст?, додаде Јовковска

На предавањето Јовковска зборуваше и за родовите стереотипи во борбата за еманципација и превенција од семејно насилство