Женски фудбал за да нема полова дискриминација

0
441

На стадионот “Павел Шатев“ или популарното Ќумурно игралиште во Битола, се одржа промотивниот настан во организација на ФИФА, ФФМ и општината Битола, кој е дел од кампањата на ФИФА со наслов „Лив јор голс“ кој за првпат се организира во Битола.

Настанот започна со обраќање на Генералниот секретар на ФФМ кој нагласи дека му е посебно мило што голем број на девојчиња од целиот овој регион присуствуваат и се надева дека уште од утре голем број од нив ќе ги види во редовите на еден од двата женски клубови во Битола.

14457403_1398971433450517_1854003808884449045_n

Од општината Битола, нагласија дека општината и во иднина ќе помага настани од ваков вид за популаризација на спортот во Битола, посебно каде се вклучени најмалите битолчани.

На настанот учествуваа 150 девојчиња, од кои 90 од Битола и 60 од околните градови. На учесници на настанот се учениците од училишните спортски клубови и на нив им бише поделена спортска опрема.

Инаку, „Лив јор голс“ кампањата на ФИФА за развој на женскиот фудбал е означена како една од најпрепознатливите иницијативи на Светската фудбалска организација за развој на женскиот фудбал. Девојчињата и младите жени добиваат инспирација да се вклучат во фудбалот и да покажат дека можат да ги остварат своите цели преку фудбалската игра.

14448832_1398971576783836_9040479236584091438_n

Женскиот фудбал го подобрува статусот во општеството и претставува начин за соочување и справување со еден од основните проблеми – полова дискриминација. Преку кампањата „Лив јор голс“ се отвора врата за девојките и младите жени во Македонија да се вклучат во играта.