Жестока прослава на „Ноќта на вештерките “ во Лондон

0
274

Британската Метрополитен полиција соопшти дрка во текот на ноќта имало жестои судири меѓу специјалната единица за улични немири и поголема група насилни демонстранти.

Во судирите, кои завршиле во раните утрински часови има најмалку четворица повредени полицајци, како и едно цивилно лице, кое случајно се нашло на улица, во реонот на најжестоката пресметка.

Полицијата соопшти дека десетици лица се уапсени и задржани на сослушување.

Уличните судири избувнаа доцна синоќа кога полицијата пристигна на една адреса во општината Ламбет, што е дел од поширокиот централен дел на Лондон, за да го прекине прославувањето на Халовин (Ноќта на вештерките).

Полицијата не соопштила зашто интервенирала, но веднаш потоа, полицајците биле нападнати.

Разгневената маса луѓе, фрлале „Молотови коктели“, стаклени шишиња и столчиња кон полицајците. На најнасилните демонстранти им се приклучиле и други, па толпата трганала низ улиците од тој дел на британскиот главен град, оштетувајќи паркирани автомобили и излози на продавници.

Без коментари

LEAVE A REPLY