Жестока расправа во советот за работата на ЦРППР

0
463

Жестока расправа меѓу советниците од двата табора на ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ предизвка годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион за 2015 година.Опозицијата со низа прашања

-До кого се Центарот има аплицирано,образложете ги проектите кои ги имате аплицирано во нашата земја а и надвор од неа? Ваш претставник рече дека за реализација на прокетите сумата изнесува 1,5 милиони евра. Дали тоа е точно или не?, изјави Зоран Стојчевски, совеник СДСМ-Битола

-Пелагонсикиот регион е образовен, културен, туристички, спортски и економски конкурентен регион со развиена инфраструктура, перспектива за младите и социјална сигурност на населението. Ако сакаме да го донесеме овај извештај, треба да ја смениме реченицата во минато време, изјави Благојче Котевски, советник СДСМ-Битола

На тоа ВМРО-ДПМНЕ со одговор

-Успехот на Македонија на Францускиот пазар е наслов на веста која на 23 март 2016 година е објавена на порталот за професионалци од областа на туризмот во Тур Хебдон, каде што е анализирана состојбата на Македонија во врска со туризмот и каде пишува дека Македонија била домаќин на 41,4% повеќе Французи во 2015 во споредба со претходните години, изјави Соња Трпезановска, советник од ВМРО-ДПМНЕ

Професорот Томе Наумов праша дали како резултат од проектите на Пелагонскиот регион се зголемил број на туристи во Битола и на Пелистер?

-Во делот на спортскиот развој Битола има ретроградност. Во делот на еколошкиот развој, целосна деградација. Никогаш немала полош воздух и полоша загаденост. Кога ќе ги отвориме другите медиуми, почвата и водотеците, кога ќе ги добиеме сите параметри кои ги има Здружението За нас се работи и градоначалникот, тогаш ќе видиме каде живееме. Нашиот развој треба да се гледа од сите тие аспекти. Бројката колку туристи не посетиле е индикативна, но и не мора да значи сето тоа. Ние сме во секундарната мрежа на посета на туристи, изјави Томе Наумов, советник СДСМ

-Ми прави задоволство што за толку многу работи, толку многу проблеми, предизвици, прашања сметате дека јас сум таа што е повикана и институцијата со која работам, но во реалноста не е така. За тоа што сум му помогнала на мојот сопруг со реновирањето на Сапунчица, јас не се сеќавам дека Сапунчица ја изградил Марјан , ниту пак Сапунчица ќе претсане да постои со постоењето на Марјан на функцијата директор на ЈП Стрежево. Сапунчица е на сите граѓани од Битола, изјави Емилиа Ѓероска, раководител на ЦРППР-Битола

Вчерашната расправа беше продолжение на 49-та седница на Советот на Општината Битола на која пред советниците се најдоа 65 точки .

Без коментари

LEAVE A REPLY