Жестока расправа заврши со убиство во Маково

0
1961

Жестока расправија за политичките случувања во државата меѓу двајца жители на мариовското село Маково заврши со убиство.Убиен 80 годишниот Ристе Стојановски. Кавгата почнала пред селската продавница. 53 годишниот со иницијали Р.Р со стап почал да го удира по главата Стојановски нанесувајќи му смртни повреди.Очевидци виделе дека го тепа но не слушнале за што настанала расправијата

-Околу 13 часот идев да ја отворам продавницата, само што излегов на улица, видов дека со стап го удираше човекот. Му свикав, Раде осави го, го отепа човекот. Побарав помош од соседите, но на сите им беше страв, никој не дојде,изјави Ристе Трајквоски, сопственик на селската продавница во Маково.

Тепачката била пријавена телефонски вчера во 14 часот и 30 минути во Полициското одделение во Новаци

-По настанот повредениот од страна на екипа на Итната медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Битола на одделението за интензивна нега и реанимација, каде е констатирана коматозна состојба без знаци на дишење. Бил реанимиран, но истиот починал“, изјави Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.

Осомничениот Р. Р е приведен и против него е поднесена кривична пријава за убиство.