Жестоки протести во Анкара

0
236

Турската полиција  употреби солзавец против 150 демонстранти кои протестираа во Анкара поради смртта на ученичките во пожар што изби во интернат во Адана. Демонстрантите биле запрени од полицијата додека се обидувале да стигнат до Министерството за образование.

Собирот бил организиран од неколку синдикати на учителите и на асоцијациите за заштита на правата на жените. Неколкумина демонстранти биле приведени, јавуваат турските новински агенции.

Во пожарот што изби во интернат во Адана загинаа 12 лица, од кои 11 ученички. Осум лица се приведени под обвинение за убиство поради небрежност.