Жестоки судири на протестите во Франција, десетици повредени

0
339

Жестоки судири избувнале во четвртокот во повеќе француски градови во кои има и тешко повредени и десетици уапсени, на протестите на коишто учествувале најмалку 170.000 работници и студенти против предлог законот за труд.
Министерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казнев, извести дека се повредени 24 припадници на полицијата, меѓу кои тројца тешко, во судирите во коишто ги предизвикала „шака разбивачи“ и во кои има повредени и меѓу демонстрантите. Уапсени се 124 луѓе, додаде министерот.

Осудувајќи го „решително ова насилство“, претседателот на главниот студентски синдикат UNEF, Вилијам Мартинет, изрази жалење поради „непримерната употреба на сила од страна на полицијата“.

Околу 170.000 луѓе, според процената на полицијата, или 500.000 според процените на синдикатите, учествуваа на протестите во четириесетина градови барајќи по четврти пат во последните два месеца, повлекување на предлог законот, којшто, како што истакнуваат, е „целосно неприфатлив“.

Протестите ги одбележаа судири, во прв ред во престолнината Париз, каде што „триста маскирани демонстранти“ ги нападнале полицајците, тешко ранувајќи тројца од нив, соопштија париските власти. Уништени се автобуски постојки и многу излози на дуќани.

Според процените на медиумите, одѕивот во четвртокот бил нешто помал отколку на претходните протести, но противниците на законот веќе најавија доаѓање на традиционалниот првомајски собир и на 3-ти мај кога започнува расправата во парламентот по текстот на законот.

На протестите им се приклучија и уметниците, коишто преговараат за нивните надоместоци за невработеност.

Синдикатите оценуваат дека понудениот текст на законот нема да го овозможи неопходното отворање работни места и ќе ја продлабочи несигурноста, како и оти ќе ги заостри социјалните разлики, особено кон жените и кон младите.

Противниците бараат повлекување на текстот кој им дава поголеми прва на работодавачите, во прв ред кога станува збор за одредување на работното време, и ги олеснува условите за отпуштање. И покрај одредениот напредок, критичарите и натаму сметаат дека нацртот законот е пренаклонет кон работодавците и е фактор за несигурност на вработените.

Покрај протестите,неа организирани и штрајкови, поради кои повторно беше во прекин сообраќајот. На парискиот аеродром беа откажани околу 20 отсто од летовите, а беа пријавени и доцнења./крај/мф/сн