Жестокоста на улицата фрла сенка на театарот

0
575

За одбележувањето на светскиот ден на театарот на сцената на битолскиот театар претставата Елка кај Иванови.

„ Содржината за борбата меѓу животот и смртта на еден многу убав начин ја носи во современа форма “ вака ја коментираше изведбата на оваа претстава Талески.

„ И во пораките кои што беа упатени, нели традиционално секоја година се кажува она што е вистината, а вистината е дека жестокоста на улицата и на случувањата не само кај нас, туку во целиот свет на некој начин фрла сенка на театарот. Театарот често низ историјата на назад наоѓал модели за подобрување и критика на општествто и нудење излези од таквите ситуации.  Значи театарот во принцип поставува многу значајни прашања, меѓутоа жестокоста на животот кој што го живееме сега кај нас, во нашето опкружување и жестокоса која практично постои во целиот свет, го става театарот во втор план. Театарот е жилав и претпоставувам дека сега бара нови начини, нови форми и се бори за повторна доминација, затоа што ова нема вечно да трае, затоа што се друго не трае вечно“ рече градоначалникот на Битола Владимир Талески.

Пораката за светскиот ден пред публикаката ја прочита актерката Валентина Грамосли.

Без коментари

LEAVE A REPLY