Жетвата почна, родот слаб, цената ниска

0
217

 

Поволните временски услови и високите дневни температури овозможија да се интензивира жетвата на пченицата и јачменот од овогодинешниот род во Пелагонија информираат од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Битола. Почна жетвата, но со ниски приноси и слаб род кој беше уништен со пролетните поплави. Првичните резултати биле незадоволителни информираат од МЗШВ. Се жнее во земјоделскиот комбинат „Пелагонија“, а жнеат и индивидуалните земјоделски производители но првите приноси од пченица од ожнеан хектар се движат од 1.500 до 2.000 килограми, додека приносите од јачмен се уште помали и изнесуваат од 1.000 до 1.500 килограми по хектар. Oд 5.000 под јачмен за жнеење останаа само 2.000 хектари, а значително намалени се и површините што беа посеани со лебно зрно и ова лето во Пелагонија се жнеат само 10.000 хектари со пченица. Приносот лош, а производителите незадоволни од понудената цена на маленичарите од 9 денари за килограм, според нив рентабилна цена била 14 денари. На последниот состанок со мелничарите договорена била цена од 11денари со превоз и ддв, за сега житото да се откупува по 9-10 денари заради лошиот квалитет според параметрите од правилникот.Годинава според проценките се очекува помало производство на пченица за околу 30 отсто, но податоците од терен покажуваат дека падот може да биде и поголем.