Жичената оградата од Орбан се поставува и на Меџитлија

0
454

Според проценките на македонските власти и овој дел од границата е порозен и во последно време биле регистрирани повеќе илегални влегувања на економски мигранти од грчка територија.

Од 19-ти ноември македонските власти почнаа да ги спроведуваат препораките на ЕУ за пропуштање само на бегалци од воените жаришта во Сирија, Авганистан и Ирак. Сите други лица имаат третман на економски мигранти и за нив не е дозволено продолжување на патот по балканската рута.

Вчера грчките власти го расчистија кампот со повеќе од 2.500 мигранти кои се вратени во прифатните центри во Атина и од таму би требало да се вратат во земјите од каде што потекнуваат – Иран, Пакистан, Непал, Мароко, Алжир, Сомалија…

Сепак, проценките се дека бранот бегалци и мигранти нема да запре.

Кон крајот ноември беше довршена жичената ограда кај Гевгелија.

Според владини извори, жицата за оградата и во Гевгелија и во Меџитлија е подарок од унгарската влада.
www.mkd.mk