Жител на Кравари оштетен за околу 400.000 денари

0
619

На 08.01.2016 година, во периодот од 19.30 до 22.00 часот, во село Кравари, битолско, непознат сторител со употреба на подесен предмет ја отворил влезната врата од куќата на Л.Р.(53), при што извршил тешка кражба одземајќи 3.000 австралиски долари, 2.400 евра, 100 УСА-долари, 100 шведски круни и златен накит, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 420.000 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Без коментари

LEAVE A REPLY