Жител на Свето Тодори се бори за живот

0
1016

фото: архива

На 14.11.2016 година околу 15.30 часот во атар на с.Свето Тодори, битолско, на м.в. „Кошари“, М.П.(52) и О.А. (35), двајцата од с.Свето Тодори, отишле со трактори да собираат дрва. Во еден момент О.А. заглавил со тракторот, а М.П. со каиш го прикачил неговиот трактор за тракторот на О.А. и се обидел да го извлече. При обидот дошло до кинење на каишот, по што М.П. се превртел од тракторот и се здобил со повреди во пределот на главата и паднал во безсознание. Истиот  со возило бил пренесен до с.Ивањевци од каде со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар Битола каде му се констатирани тешки телесни повреди во пределот на главата и вратот, и се наоѓа во животна опасност. Поради непристапност на теренот, а во консултација со Јавен обвинител, увид на местото на настанот ќе се врши на 15.11.2016 година.