Жители од Улица 150 во Битола чекаат асфалт

0
1609

Жителите од улицата 150 во Битола во Лавчанска населба се жалат на ископана улица и бараат да асфалтира. Велат дека вака живеат многу години. Дополнителен проблем претставувал дождот, каде како што велат, газеле во кал и автомобилите ги искршиле.

-Овде сме од 1970 година и улицата никој не го интересира да ја направи. Постојано газеме во кал , а бидејќи почвата е како глина цела се лепи за гумите од автомобилите. Едноставно не  можеме да поминеме, изјави Митра Колевска, жител на Улицата 150 во Битола

Повеќе пати се обратиле до надлежните , а тие, како што велат жителите, си ја префрлувале топката едни на други

-Веќе можеби 10 пати се имаме обратено до надлежните, од таму си ја префрлуваат топката еден на друг. Собравме и потписи од сите жители на оваа улица и упативме барање да ни се асфалтира улицата. Велат дека нашата улица не била по приуритет да се направи. Па чекаме од 1970 година, уште колку да чекаме, изјави Здравко Колевски, жител од Улица 150 во Битола

Додаваат дека нивните куќи биле легализирани и плански а сепак живееле како во првобитно општество.

Од општина Битола не добивме одговор дали и кога ќе се асфалтира Улица 150 во Лавчанска населба.