Жителите на Богданци гласаа против Казандол и рудници во општината

0
573

Жителите на Богданци изгласаа стопирање на изградбата на рудникот Казандол во Валандово, но и да не се отвараат рударски комплекси во нивната општина. Ова е епилогот од денешниот референдум во општина Богданци каде што од 6.918 граѓани со право на глас, на изјаснување излегле околу 4.200 жители од Богданци, но и од населените места Стојаково, Ѓавато и Селемли. Од нив, според граѓанската иницијатива „Спас за Богданци“, против изградбата на рудникот Казандол и да нема рудници за метални минерални суровини се изјасниле 4.120 граѓани, додека „за“ заокружиме околу 80 граѓани.