Жителите на Крклино ќе добијат фудбалско игралиште

0
530
SONY DSC

Ова игралиште беше повеќегодишна желба на мештаните. Можеби потрошивме повеќе време, но сега сум сигурен и уверен дека најдовме исклучително добра локација за фудбалското игралиште. Ова е еден од поголемите приоритети кои мештаните ги бараа изминатите години. Вредноста на игралиштето е околу 3 000 000 денари, а истото ќе има два монтажни контејнера кои ќе служат како соблекувални за играчите , изјави градоначалникот на Општина Битола, д-р Владимир Талески.

Ние во Крклино имавме фудбалски терен, но истиот го изгубивме со денационализацијата. Сите овие години со општината баравме локација да изградиме фудбалски терен и благодарение на луѓето од општината успеавме да најдиме локација, а потоа да ја пренамениме од земјоделско во градежно земјиште и денеска тука да се гради овој фудбалски стадион кој ќе биде од голем бенефит за нашето село, изјави Пеце Бејковски, жител на село Крклино, активен член во фудбалскиот клуб од Крклино.