Жителите од село Могила ќе добијат сцена на отворено

0
625

Жителите од село Могила ќе добијат сцена на отворено. Сцената ќе служи за одржување на сите културни манифестации кои што ќе ги организира општината а се гради во склоп на ОУ Гоце Делчев

-Во дворот на училиштето се гради бина, која освен што ќе се користи од страна на училиштето, ќе служи и за одржување на сите културни манифестации кои што ги организира општина Могила. Таа бина се гради со средства на ЦРППР, изјави Стево Пивковски градоначалник на Могила

Во тек е реконструкција на училиштето и партерно се уредува дворот . Минатата година се реконструираа подрумските простории кои што се наменети како што рече Пивковски за Центар за ран детски развој а годинава со стартот на новата школска година 2016/ 2017 учениците од ова училиште ќе добијат библиотека и читална.

-Недостаток на учиниците беше тоа што немаат читална и библиотека . Минатата година со средства од бугарскиот Конзулат добивме 10 илјади евра за реконструкција на училиштето во с.Беранци, за оваа година имаме најава дека ќе добиеме дополнителни 20 до 25 илјади евра за реконструкција на овие подрумски простории кои ќе бидат наменети за библиотека и читална, изјави Стево Пивковски градоначалник на Могила

Во наредниот период се планира и подобрување на условите на санитарниот чвор, рече Пивковски и додаде дека со 20 илјади евра средства од УСАИД ќе се реконструира и училиштето во с.Добрушево . Во ОУ Гоце Делчев во Могила моментално учат 170- деца од прво до 9 то одделение , а во склоп на ова училиште има и две подрачни училишта во Чарлија и во Радобор каде учат во едното 7 а во другото 9 деца.